Денеска МЗТ Скопје играше за Мац, денеска „Фемили“ пееше за својот голем другар, за иконата на аеродромскиот тим, Мац, чиј живот прерано згасна. Кошаркарите на МЗТ Скопје победата против ТФТ и пласманот во финалето му го посветија на Мац.
Во текот на целиот меч, во делот каде што беа сместени фановите на македонскиот првак стоеше транспарент со порака: Почивај во мир мајоре, истиот по завршување на дуелот заврши во рацете на кошаркарите на МЗТ Скопје, заедно сите му оддадоа почит на Мац.