Сити Парк Бојс прашуваат: Кои се лугето што успеаа да направат притисок врз судиите?!

863

Навивачката група „Сити парк бојс“ реагираа за случувањата на меѓу Работнички и Пелистер по кој скопскиот тим доживеа пораз. Тие се бесни поради судиските одлуки во финишот на мечот кои влијаеле на конечниот исход.

Вчера на полувремето на натпреварот мегу Пелистер и Работнички се случило напад врз судиите со цел да се изврши притисок врз судиите. Со резултат 43-42 за домашниот тим и навидум еднаква игра играчите заминааа на пауза а после таа пауза се беше различно.

Еден тон дискутабилни одлуки во корист на Пелистер, за не полни 35 секунди од четвртиот дел се досудени 4 лични грешки од кои 2 ни судиијата незнае како и каде ги виде. Без никаков стандарт за судење, во напад на домашните суди фаул, одма нареден напад наш за идентичен контакт нема ништо. Со донесените судии со поголемо искуство во кафана него во сала ние очекуваме некој напредок во кошарката и во спортот..

Додека нас не тероризирате цели две сезони со забрани и казни на домашен терен поради вербални навреди кон судиите, во другите сали судиите си одат дома и со по некој шамар а санкции освен смешни парични казни нема и сигурно нема ни да има!“, стои во реакцијата на „Сити парк бојс“.

ПретходноЖРК Металург ја врати Александра Коловска
СледноШаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители