Тотенхем со пресврт до победа над Барнли, Евертон се разигра на крајот на сезоната (ВИДЕО)

42

Тотенхем со пресврт и многу мака славеше со 2:1 над екипата на Барнли во меч од 37. коло во Прмеиерлигата и се уште има шанса да се бори за четвртото место на табелата кое води во Лигата на шампионите. Лондончани почнаа лошо и примија гол во 25. минута кога Ларсен ги доведе гостите до водство од 0:1, но со голот на Поро до полувреме „Спарс“ израмнија на 1:1. Моментот на одлука беше во 82. минута кога Ван ден Вен погоди за 2:1 и големи три бода за момците на Постекоглу.

Њукасл не успеа на домашен терен да слави на пресметката со Брајтон и одигра само 1:1. Гостите први поведоа со голот на Фелтман, но до полувремето со голот на Лонгстаф домашните израмнија. Во вториот дел Њукасл погоди за 2:1, но голот беше поништен поради офсајд.

Евртон се разигра на крајот на сезоната, па со 1:0 ја запиша и 13-тата победа сезонава, овој пат извојувана на домашен терен против Шефилд Ј. Крстал Палас со 3:1 славеше на гости кај Вулверхемптон, додека вест Хем со пресврт и 3:1 победи дома со испаднатиот Лутон.

Во последниот меч екипата на Брентфорд со 2:1 славеше на гости кај Борнмут.

ПретходноШешко го спаси Лајпциг, Келн со пресврт до победа и шанса за опстанок (ВИДЕO)
СледноВиљареал со гол во 90+7.минута ја победи Севиља!