Хамбургер испадна од трката по место во Бундес, шеста сезона по ред ќе игра во Цвајте

596

Некогашниот европски и шесткратен германски шампион, Хамбургер остана без шанса за пласман во Бундес лигата откако беше поразен од Падерборн (1:0) во меч од 33 коло на Втората лига.
Со тоа ХСВ остана на четвртото место на табелата со 55 бодови на едно коло до крајот, четири бода помалку од третопласираната Фортуна која има меч помалку. Па популарните „диносауруси“ не успеаја да се дограбат барем до третото место кое води во плеј-офот за пласман во Бундес, па шеста сезона по ред ќе настапуваат во Цвајте.

Да кажеме дека Хамбургер во претходните две сезони пропушти да избори место во Бундес преку плеј-офот, прво беше поразен од Херта, а потоа и од Штутгарт.

Овој викенд ќе бидат познати некои работи, а можно е се да се решава во последното коло. На табелата Кил е прв со 64 бода, втор е Ст.Паули со 63, Фортуна има 59…
Прашање е само кој ќе оди директно во Бундес, а кој ќе бара место преку плеј-офот.

ПретходноНовак се јави по бизарната повреда: Добро сум, се гледаме во недела
СледноОткако неколку тренери одбија, Баерн го враќа Ханси Флик!?