Лајпциг на Елиф Елмас и втор меч едноподруго не успева да слави. Денеска на домашен терен „биковите“ извлекоа реми (1:1) против екипата на Вердер, откако гостите први дојдоа до водство, а според играта имаа и реални шанси да си заминат и како победници.
Лајпциг успеа да се спаси со голот на Шешко во 61. минута. Елмас повторно беше на клупата, но доби шанса од 64. минута.
Голема победа во тековното 33. коло за екипата на Келн која со пресврт го совлада Унион Берлин со 3:2. Интересно, гостите водеа со 0:2, но домашните во битката за опстанок најдоа сили за да дојдат до трите бода и да останат со шанси во борбата за она место кое носи во бараж дуелот за опстанок.
Без победник со идентични 1:1 завршнија дуелите Борусија (М) – Антрахт (Ф) и Фрајбург – Хајденхајм.