Македонскиот репрезентативец Исник Алими беше стрелец на гол во победата на Сепси од 3:2 против Рапид Букурешт во Првата лига на Романија. Во 9 коло од плеј-офот за титулата, Сепси го совлада Рапид, а македонскиот фудбалер го одигра целиот меч и стрелаше прецизно за 3:1 во судиското продолжение на првото полувреме. Во второто полувреме играчите на Рапид промашија пенал, а потоа постигнаа гол за минимален пораз. А на Сепси во финишот му поништија гол поради офсајд.
За Алими ова е шести гол сезонава. Сепси е на петтото место на табелата.