Буњамин Шабани – Струга ТЛ: Многу важен меч како за нас така и за Шкендија, очекувам да дојдеме до целта!

103

Утре под Шара, со почеток од 17 часот со игра мега – дербито меѓу Шкендија и Струга ТЛ. Меч кој носи титула, меч кој ќе ја одбележи сезоната, меч по кој едниот тим ќе слави другиот ќе тагува.

Во таборот на сеуште актуелниот шампион знаат каде гостуваат, знаат што носи овој меч.

Владее умерен оптимизам со верба во себе. Стружани исто така знаат дека ќе биде „жешко“ под Шара.

За тоа што може да се очекува од Струга ТЛ свој коментар има капитенот Буњамин Шабани.

Многу важен меч, како за нас така и за Шкендија. Добро е што и кај нас се играат вакви големи мечеви на кои решава титулата. Јас лично очекувам да дојдеме до целта, а таа цел е шамионска титула. Шкендија е силен тим, ќе ја има поддршката од трибините, имаат верни фанови, но Струга ТЛ е искусен тим, знае да се справи со ваква атмосфера, со притисокот. Добро сме подготвени, знаеме што треба да сториме“ рече покрај другото Шабани.

ПретходноВиљареал со гол во 90+7.минута ја победи Севиља!
СледноФото вест: МЗТ со маички – МАЦ, на загревање!