Денвер славеше во Минесота, блескаа Јокиќ и Мареј

243

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја совладаа екипата на Минесота со 117:90 и третиот меч од полуфиналето на Западната конференција и така вратија брејк во серијата од плеј-офот во НБА лигата. Минесота сега води со 2:1.
Никола Јокиќ и Џамал Мареј блескаа на паркетот, српскиот центар постигна 24 поени, а имаше и 14 скокови и девет асистенции. Мареј постигна 24 поени, а импресивна партија имаше и Мајкл Портер џуниор кој заврши со 21 поен.
Минесота ја предводеше Ентони Едвардс со 19 поени, а Карл Ентони Таунс не можеше повеќе од 14 поени.
Четвртиот меч се игра во понеделник наутро, а потоа серијата се враќа во Колорадо, каде Денвер ќе биде домаќин.
Во првиот дел доминираше Мареј, некаде околу петтата минута Минесота ја имаше единствената предност на мечот. Од тој момент, па до полувремето работите ги контролираше Денвер, а Мареј стигна до 18 поени по само 24 минути.
Вистинскиот Јокиќ се покажа во третата и завршната четвртина. Во третата постигна 13 поени и речиси го наговести победникот.

ИНДИЈАНА ПОВЕДЕ СО 2-1 ПРОТИВ ЊУЈОРК
Индијана Пејсерс со 111:106 го совладаа Њујорк Никс и поведоа со 2-1 во серијата во Источното полуфинале. Кај Индијана, Тајрис Халиберн постигна 35 поени, додека Сиакам 26. Кај Њујорк, Дивинченцо реализираше 35 поени, а Брунсон 26.

ПретходноЏирона прими гол во 90+9.минута и остана без победа!
СледноКомо предводен од Фабрегас се врати во Серија А после 21 година!