На 38 години Изаир Емини, некогаш еден од најдобрите фудбалери во Македонија, се прости од активното играње и тоа како член на Беса, новиот прволигаш.
Емини играше и за Шкендија во нејзините најславни денови, беше член на ена силна Ренова, играше и за Воска со која влезе во елитата, имаше и настапи за нашата најдобра репрезентација. Надвор од Македонија со успех играше за Кукс од Албанија.
По тој повод денеска пред мечот со Башкими, раководните лица со пригодни подароци му се заблагодарија на Изо, за се она што тој и го даде на Беса.