И кадетската ракометна репрезентација на Македонија денеска одигра втор контролен меч во Словенија на кој го претрпи и вториот пораз. Избраниците на Наум Танески, по поразот од домаќинот Словенија, денеска претрпеа пораз и во меч со селекцијата на Австрија.
Младите надежи на Австрија славеа со 28:25, а предноста од три гола ја одработија уште во првиот дел во кој имаа предност од 13:10.
Овие два меча беа дел од подготовките на нашите кадети за настапот на претстојното Европското првенство во август.