Навивачите на Баер Леверкузен кои сакаат доживотно да им биде врежана на кожата неверојатната сезона 2023/2024, тоа ќе можат да го сторат бесплатно.
Всушност, Баер (Л) објави иницијатива наменета за своите навивачи која обезбедува бесплатни тетоважи за да ја прослават магичната година која може да заврши на неверојатен начин.
По освојувањето на титулата германски првак за првпат во историјата, Баер ќе игра и во финалето на Лигата на Европа на 22 мај во Даблин со Аталанта, а потоа и во финалето на Купот на Германија против Кајзерслаутерн (25 мај).
Тоа е огромна шанса за „фармацевтите“ да дојдат и до три пехари во оваа за нив сезона од соништата.