Епски пресврт и меч за историја: Македонија им одржа лекција на „фараните“ и се чекираше на СП

2448

Македонската ракометна репрезентација на реванш баражот за пласман на СП 2025 година против Фарски Острови славеше со 34-26 и обезбеди пласман на уште едно големо натпреварување. Момците на Кире Лазаров ја надоместија негативата од 7 гола од првиот меч и со голем триумф во Скопје дојдоа до пласман на СП 2025.

Салата беше исполнета до последното место, одамна немало ваква атмосфера. Нашите момци се претставија во вистинско светло, она бледо издание од првиот меч го немаше, се бореа за секоја топка на теренот.

Дуелот почна жестоко, први отворија гостинските ракометари за 0-1. Две одбрани на Митревски беа доволни да се тргне кон вистинската насока, па веќе во петтата минута Македонија поведе со 3-2 со голот на Лазаревски. Како единствено решение во пеколната атмосфера, за Фарски Острови беше играта „седум на шест“ се со цел да ја зачува позитивата од првата средба, но тоа кратко траеше. И во една ваква ситуација, нашите ракометари успеаја да дојдат на плус два (7-5) беше во деветата минута. Јагуриноски не искористи чиста шанса да зголеми на плус три.

Она што беше најважно е дека одбраната беше многу поцврста, имаше жестока битка на теренот. А тоа вроди плод. Македонија за првпат поведе со четири гола разлика (13-9) во 19 минута, Серафимов со гол, а потоа изнуден пенал во реализација на Никола Костески и Кузмановски беа креатори на овој подвиг.

Тука не застанаа нашите момци, Серафимов зголеми на 15-10, во 24. минута не искористивме напад за плус шест во 24 минута. Беше и 16-11, но по неискористен напад, Фарски успеа да врати со два гола во низа за 16-13. Сепак на одморот Македонија замина со ветувачки 19-15.

Џонов на стартот на второто полувреме зголеми на 20-15, во 35 минута не искористивме нов напад за плсу шест. Но, по одбрана на Митревски, следеше магично сценарио. Пешевски, потоа Костески од седум метри зголемија на плсу седум 24-17. Во 37 минута мечот почна од почеток. Кузмановски со неверојатен погодок одново донесе водство од седум гола (25-18), но останавме со играч помалку.

Откако не реализиравме за плус осум,Фарски Острови набрзина постигна гол за 25-19 во 42 минута. Капитенот повлече капитенски, Митревски влезе во серија на одбрани, а Македонија веќе на средината на второто полувреме имаше водство од девет гола (28-17) со головите на Кузмановски и Серафимов.

Оваа позитива од девет гола (29-20 и 30-21) ја одржувавме до 53. минута, Фарски Острови успеа да намали прво на осум гола разлика, а откако не искористи два напади да се закани сериозно, но нути ние не блескавме во нападот. На три минути до крајот примивме гол за 31-24 и инфарктна завршница.

Митев повторно проработе, се врати на теренот и реализираше за 32-24. Го издржавме нападот на Фарски Острови, Пешевски погоди за 33-24. На другата страна противникот намали на 33-25, Лазаров повика тајм-аут, Пешевски уше една погоди за печат. Конечниот резултат беше 34-26.

Најефикасен во нашата селекција беше Жарко Пешевски со 8 гола, додека Филип Кузмановски постигна 7. Одличен меч имаа и Марко Митев со 6 и Мартин Среафимов кој средбата ја заврши со 5 гола.

Кај селекцијата на Фарските Острови Скипаготу постигна 8 гола.

ПретходноШампионско фото на Струга ТЛ!
СледноМитев: Бевме подготвени за вакво нешто, останавме фокусирани до крај