Тренерот на Феенорд, Арне Слот наскоро и официјално да биде објавен како наследник на Јирген Клоп во Ливерпул, а според тамошните медиуми, за него веќе се подготвува и куќата во која ќе биде сместен со семејството. Камиони за селење веќе се забележани на имотот на Јирген Клоп во Ливерпул. Куќата, која се наоѓа во предградието Формби, е проценета на 4 милиони фунти и има седум спални соби, а во неа сега ќе се смести Слот.
Замокот, кој има и три дневни соби, домашно кино, затворен базен и градина, е во сопственост на Ливерпул. Клубот го купи од поранешниот менаџер Брендан Роџерс, кој пак го купи од легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард.
Клоп (56), кој освои седум трофеи за време на неговиот престој во Англија, е популарна личност во Формби и често е забележан во локалните ресторани. Тој по заминувањето од Ливерпул планира да помине извесно време на Мајорка, каде пред две години купи имот од 3,4 милиони фунти во местото Санта Понса.