Лазаров направи промени во составот за реваншот со Фарски Острови

1297

Македонската ракометна репрезентација денеска (19 чсот) во СЦ „Борис Трајковски“ го игра реванш натпреварот против Фарски Острови во рамките на баражот за пласман на Светското првенство 2025 година.

Кирил Лазаров и неговите момци ги чека тешка задача, мечот го почнуваат со седум гола негатива. Предводникот на нашиот национален тим очекувано направи промени во составот. За првпат националниот дрес ќе го облече Мартин Карапалевски од Вардар, а се враќа Иван Џонов. Двајцата се на местото на Дамјан Митев и Цветан Кузманоски.

ПретходноНовата генерација е пред најважниот тест: Како невозможното може да стане возможно?
СледноПМФЛ: Вардар на гости кај Васоски, финалистите во Купот на мегдан во Кавадарци