Мартин со втора победа викендов на ГН на Франција

47

Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, заврши со двоен триумф на трката за ГН на Франција, откако по вчерашниот триумф на спринтот, денеска беше најдобар и на главната трка.

Шпанецот ја оствари својата втора победа сезонава на Ле Ман, четири и пол десетинки пред Марко Маркез на Гресини Дукати. На третото скалило се најде бранителот на титулата Франческо Бањаја.

На патеката „Бугати“ беше забележана неверојатна борба, бидејќи Бањаја беше на самиот врв во текот на две третини од трката, откако на стартот го презеде водството од Мартин. Сепак, Шпанецот беше блиску до него во текот на целиот период и поведе по неколку напади.

Мартин е на чело во генералниот поредок со 129 бодови, 38 повеќе од Бањаја.

ПретходноЛука: Повторно го повредив коленото, но ќе се борам со сите сили
СледноСт. Паули и Холштајн Кил се нови бундеслигаши, Фортуна (Д) ќе игра бараж