Милан губи трпение со португалските тренери, сега се врти кон Конте

282

Раководството на Милан и понатаму е во неизвесна ситуација во потрагата по нов тренер кој ќе го замени Стефано Пиоли. Засега има само шпекулации околу наследникот, но ниту една конкретно потврдена вест.

Новинарот Џанлука Ди Марцио денеска излезе со информација дека „росонерите“ се уште не успеале да добијат согласност од португалскиот стручњак Пауло Фонсека, кој покрај Милан преговара и со француски Олимпик Марсеј. Во исто време, уште еден кандидат, тренерот на Порто, Серхио Консеисао, се уште не постигнал договор со новиот претседател на неговиот клуб, Андре Вилаш-Боаш за предвремен раскин на договорот и заминување во италијанскиот клуб. Целата ситуација ја иритира управата на Милан, на која и треба итно тренерско решение.

Ди Марцио тврди дека поранешниот тренер на Јувентус и Интер, Антонио Конте е подготвен да го предводи Милан, но засега нема информации од Милан за овој потег. Последната работа на 54-годишниот Конте беше лондонски Тотенхем.

ПретходноПолувреме: Уф, каква “бомба“ на Бесарт под Шара за водство на шампионот, Вардар води во Кратово! (ВИДЕО)
СледноОфицијално: Струга ТЛ е шампион…супер Бесарт и супер Радески го “расплакаа“ Тетово! (ВИДЕО)