Во сенка на големото дерби во Тетово, на кое Струга ТЛ ја освои титулата, се одиграа и останатите пет средби од 32.коло во ПМФЛ.
Вардар во Кратово кај Силекс одигра 1:1 и со тоа го потврди баражот за опстанок, ривал ќе му биде Детонит.
Македонија ЃП со 2:1 ја победи Брегалница, додека Шкупи одигра само 0:0 со Брера.
Со истиот резултат завршија и средбите Гостивар – Работнички и Тиквеш – Воска.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 32.КОЛО
ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 0:0
МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА 2:1
(Ларсон 63., Фазли 72./)
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ 0:2
(/Ибраими 43., Радески 48.)
ШКУПИ – БРЕРА 0:0
СИЛЕКС – ВАРДАР 1:1
(/Дурански 9.)
ТИКВЕШ – ВОСКА 0:0
ТАБЕЛА
Струга ТЛ 64,, Шкендија 61, Шкупи 59, Тиквеш 43, Работнички 42, Силекс 42, Воска 41, Гостивар 41, Брера 39, Вардар 36, Македонија ЃП 29, Брегалница 27