Баер (Л) дели гратис тетоважи за спомен од магичната сезона

172

Навивачите на Баер Леверкузен кои сакаат доживотно да им биде врежана на кожата неверојатната сезона 2023/2024, тоа ќе можат да го сторат бесплатно.

Всушност, Баер (Л) објави иницијатива наменета за своите навивачи која обезбедува бесплатни тетоважи за да ја прослават магичната година која може да заврши на неверојатен начин.

По освојувањето на титулата германски првак за првпат во историјата, Баер ќе игра и во финалето на Лигата на Европа на 22 мај во Даблин со Аталанта, а потоа и во финалето на Купот на Германија против Кајзерслаутерн (25 мај).

Тоа е огромна шанса за „фармацевтите“ да дојдат и до три пехари во оваа за нив сезона од соништата.

ПретходноВо ПСЖ се разочарани од одлуката на Мбапе, но никој не очекуваше ќе паднат толку ниско
СледноМеси среде меч се сврте кон камерата и испрати порака (ВИДЕО)