Бесарт: Ова е моја шеста титула во ПМФЛ , сите сме заслужни, покажавме дека сме најдобри!

730

Кој друг ако не Бесарт Ибраими? Со неговиот 202 гол во кариерата во ПМФЛ тој донесе водство на Струга ТЛ на мега – дербито со Шкендија среде Тетово. Стрелаше и Радески потоа за 0:2 и за шампионска титула.

За „СпортСпорт“ свој коментар даде токму Ибраими:

Секако дека сум пресреќен, ова е моја шеста титула во ПМФЛ. Една со Ренова, три со Шкендија и еве денеска втора со Струга ТЛ. Сепак не сум само јас, сите сме заслужни, голем успех, покажавме дека сме најдобри. Им благодарам на домашните фанови кои со аплаузи ме поздравија и не заборавија дека сум играл и за Шкендија, а ја поздравија и победата на Струга ТЛ. Така прават вистинските фудбалски фанови. Сега нас ни останува само да славиме“ заврши Ибраими.

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Македонија води со четири гола разлика!
СледноШампионско фото на Струга ТЛ!