Време е да се обединиме: Денеска сите патишта водат кон „Борис Трајковски“!

175

Македонската ракометна репрезентација е пред тешка задача, треба да ја анулира негативата од седум гола против Фарски Острови од првиот баражм меч, за да се најде на ново Светско првенство.

Никој не посакуваше толку голем пораз, но посакавме реваншот да се игра на домашен терен. Зошто? Бидејќи, Македонија пред своите фанови игра како под ноти, поддршката од трибините е најсилниот и најголемиот мотив за сите момци кои го носат „црвено-жолтиот“ дрес.

Затоа велиме дека денеска сите патишта треба да водат кон СЦ „Борис Трајковски“. Дуелот со Фарски Острови е закажан со почеток во 19 часот, а предводникот на нашиот национален тим, Кирил Лазаров и неговите момци посакаа исполнета сала за да можат оваа тешка битка да ја претворат во голема победа.

Билети се уште има во продажба, според последните информации останати се уште малку, па затоа секој „грло“ во салата ќе биде добредојдено за ракометарите.

ПретходноКадетите на Струмица се нови шампиони на Македонија
СледноКлоп се сели на Мајорка, Арне Слот се вселува во неговата куќа во Ливерпул