„Газета“: Милан подготвува трансфер на Шешко

160

Словенечката ѕвезда од екипата на РБ Лајпциг, Бенјамин Шешко, подготвува трансфер во Милан, пишува „Газета дело Спорт“.

20-годишниот Словенец е на рададот на „росонерите“ подолго време, па во финишот на сезоната преставници на миланскиот гигант се во интензивни преговори со неговиот агент. Од Милан сметаат дека трошоците за неговиот трансфер се прифатливи, со оглед на тоа што клаузулата од 50 милиони евра за раскин на неговиот договор со Германците е реална.

Трансферот го одобри и советникот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, за кого Шешко вели дека му е идол.  Друг важен фактор за реализација на трансферот може да биде подготвеноста на „росонерите“ да му дадат на напаѓачот водечка улога во тимот, нешто што го нема гарантирано во Лајпциг.

ПретходноЛацио со победа за пласман во Европа
СледноСалата „Борис Трајковски“ ќе „гори“, билетите пламнаа!