Далас Маверикс ја победи Оклахома пред својата публика со 105-101 и поведе со 2:1 во серијата.
Видовме многу изедначено прво полувреме во Тексас. Оклахома изгледаше малку подобро, додека рекетот го контролираа Маверикс кои тешко погодуваа од далечина. Тимот на Џејсон Кид шутираше само 38 проценти во втората четвртина.
Маверикс беа без голови речиси три минути на почетокот од третиот период, Тандер дојде на „+10“, момент кој не го исфрли домашниот тим, напротив приреди пресврт. Кајри Ирвинг ја демонстрираше својата магија, се надоврза и Лука Дончиќ. Сето ова беше најава за интересна битка до крајот. Далас во драматична завршница успеа да ја задржи минималната позитива.
Дончиќ на крајот од мечот едвај успеа да се потпре на десното колено, а дуелот заврши со 22 поени и 15 скока, Кајри Ирвинг, кој го даде одлучувачкиот кош запиша исто 22 поени. Вашингтон кој пак беше творец на кам-бекот во третата четвртина, имаше 27. Во редовите на Тандер, Шеј Гилџес запиша 31 поен и 10 скока, 16 поени имаше Џејлен Вилијамс.
Бостон води со 2:1 во серијата откако на гости ги совлада Кавалирс со 106:93. Џејсон Тејтум го предводеше својот тим до оваа победа со 33 поени, 13 скока и 6 асистенции, Џејлен Браун додаде 28 поени и 9 скока. Кај Кливленд стандардно најефикасен беше Донован Мичел со 33 поени и 6 скока.