Ивановски и Поп Арсова победници на „Халк Еко Скопје Трча 10км“

99

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“. Овогодинешното издание имаше масовна посетеност со околу 1650 натпреварувачи.

Првото место во машка конкуренција го освои Дарио Ивановски, додека во женска конукренција прва до финишот стигна Адријана Поп Арсова, со нов национален рекорд (34.42 минути).

Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со А.К. Скопски Маратон, А.К.Работнички, додека покровител е Град Скопје.

ПретходноСалата „Борис Трајковски“ ќе „гори“, билетите пламнаа!
СледноЧилеанецот Табиљо за еден час успеа да го елиминира Ѓоковиќ