Македонија се пласира на СП 2025, Македонија успеа да го добие силниот тим на Ф. Острови во баражот и затоа сите мораме да бидеме задоволни.
По мечот и по блескавата игра и фантастичната победа, свој коментар имаше селекторот Кире Лазаров:
„Никогаш во животот не сум бил алиби човек, ни алиби тренер и сега не сум алиби селектор. Настрана за тоа за критичарите. Ова е еден од моите најсреќни денови во животот. Ме радува тоа што со мојата Македонија, со овие млади момци кои се 99 насто од Македонската лига. Победивме селекција чии играчи доаѓаат од клубови како Кил, како Берлин. Ова е голема работа, одиме во Хрватска, одиме чекор по чекор. Сакам да им се заблагодарам на сите кои веруваа во нас. Се разбира да и се заблагодарам на публиката“ рече покрај другото Лазаров.