Магична Македонија….одиме на СП!

709

Магична Македонија! Браво за овие момци кои вечерва одиграа супер квалитетен меч и славеа над Ф. Острови во реваншот со 34:26 пред преполната сала “Борис Трајковски“ и со тоа се пласираа на СП 2025.

Митревски е “ѕвер“, супер Митев, Кузмановски феноменален, Пешевски најдобар кога е најпотребно, но сите беа фантастични.

А и од клупата оваа Македонија беше предводена како што треба од селекторот Кире Лазаров кој имаше помош и од Столе Стоилов.

Ретко кој се надеваше по оној пораз во Торшавн дека можеме нешто да направиме. Дека нашите момци можат нешто.

Но….ете, кога се сака, кога се игра и од инает, кога знаеш што треба да сториш и кога си бодрен од феноменална публика тогаш се е можно.

Македонија оди на СП 2025, го продолжуме континуитето, и покажавме дека сме мајстори за баражи.

Некој ќе рече, па добро Ф. Острови, но некој исто така ќе каже а како беше во Торшавн.

Вечерва избувна срцето Македонско, дојде по свое и Македонецот кој херојски одигра за себе и за својата Македонија.

Овие момци се ФРАЕРИ, се МАХЕРИ…

Браво момци МАКЕДОНЦИ…

ПретходноПешевски: Покрај овие навивачи, не може да не веруваш во чуда
СледноГолемата победа за пат на Светско еуфорично прославена и во соблекувалната (ВИДЕО)