Меси среде меч се сврте кон камерата и испрати порака (ВИДЕО)

2682

Неверојатен пресврт направија фудбалерите на Интер Мајами на гостински терен против Монтреал. Иако по нешто повеќе од половина час губеа со 2-0, на крајот успеаја да победат со 3-2.

Меси на овој натпревар не запиша ниту гол ниту асистенција. Одличниот Аргентинец најде начин да се зборува и по овој натпревар иако немаше директно влијание на резултатот.

МЛС воведе правило дека играчот кој добива помош од лекарскиот тим мора да го напушти теренот дури две минути. Токму тоа му се случи на Меси, кој мораше да биде надвор од теренот две минути и да го гледа натпреварот, а тоа очигледно воопшто не му се допадна, па реши да реагира.

Меси беше лут и малку тажен додека стоеше покрај линијата за контакт, а потоа во еден момент реши да се сврти кон камерите и да испрати порака за која зборува цел свет.

„Со овие правила… Не одиме никаде“, јасно кажа Меси.

 

ПретходноБаер (Л) дели гратис тетоважи за спомен од магичната сезона
СледноМега – пресметка под Шара: Шкендија VS Струга ТЛ, битка за титула!