Нема повеќе нерви: Тен Хаг жестоко им одговори на луѓето кои сакаат да биде отпуштен

260

Манчестер Јунајтед се соочува со уште еден тежок натпревар, денеска на „Олд Трафорд“ гостува на Арсенал, кој се бори за титулата во Премиер-лигата.

Овој меч за тимот кој од клупата го води Ерик тен Хаг доаѓа по вистинското понижување кое го доживеаја од Кристал Палас.

Пред неколку дена Кристал Палас победи со 4:0 против Манчестер Јунајтед на домашен терен. Во претходните 52 години, најубедливата победа на Палас против Јунајтед.

И по овој пораз, навивачите на Манчестер Јунајтед продолжија да бараат од управата на клубот да го отпушти Тен Хаг. Сето тоа го коментираше тренерот на Манчестер Јунајтед.

„Гледам некои коментари, овие луѓе или не знаат ништо за фудбалот или не знаат ништо за водење фудбалски тим. Мислам дека има многу луѓе кои го гледаат проблемот и се смирени“, изјави Тен Хаг.

Овој коментар на Тен Хаг секако е продолжение на неговите изговори кои практично ги има од почетокот на сезоната.

ПретходноПМФЛ: Вардар на гости кај Васоски, финалистите во Купот на мегдан во Кавадарци
СледноЧави и Лапорта сакаат да се ослободат од Левандовски?