На основната линија вечерва го имавме одлично рапсоложениот Жарко Пешевски. Со 8 погодоци, нашиот пикер беше најефикасен на мечот, а по средбата и пресреќен од големата победа и пласманот на СП 2025.
„Морам да кажам дека по лошата игра на Фарските Острови, дојдовме следниот ден во хотел и не видовме ниту една негативна енергија. Мислам дека сите, од прв до последен веруваа во чудо. Покрај овие 7000 грла во салата, не може да не веруваш во чуда, и вечерва тоа го докажавме. Оваа победа е за сите оние кои веруваа во нас“, вели Пешевски.