ПМФЛ: Вардар на гости кај Васоски, финалистите во Купот на мегдан во Кавадарци

492

Денеска од 17 часот на програмата се сите шест средби од претпоследното коло во оваа сезона. Јасно е дека сите погледи се свртени кон Тетово каде Шкендија и Струга ТЛ во меѓусебна битка ќе решаваат кој ќе биде шампион на Македонија.

Интересно ќе биде и на другите средби. Ако се знае кои екипи испаѓаат од елитата, тогаш не се знае кој ќе игра бараж за опстанок. Вардар е најголем кандидат, но тука се и Брера, Гостивар, Воска…

Инаку Вардар му гостува на Силекс во Кратово, значи му гостува на својот некогашен тренер Александар Васоски. Може да се каже дека и Горазд Михаилов, до пред некој месец тренер на Силекс а сега на Вардар, гостува во “своето“ Кратово.

Шкупи дома игра со Брера и се надева на добри вести од Тетово, јасно е дека посакува реми под Шара за да во последното коло се врати во “игра“ за титулата.

Во Кавадарци се среќаваат Тиквеш и Воска како предигра за тоа што ќе се случува на 22 мај во финалето на Купот на Македонија кога играат за пехарот овие две екипи. Убаво е да се види дали тренерите Мојсов и Захариевски денеска ќе тактизираат.

На останатите средби играат Гостивар – Работнички и Македонија ЃП – Брегалница. Во Ѓорче тоа ќе биде “второлигашки“ дуел зошто и двете екипи веќе се испаднати од елитата.

ДВОЈКИ ЗА 32.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)

Шкупи – Брера

Шкендија – Струга ТЛ

Гостивар – Работнички

Тиквеш – Воска

Силекс – Вардар

Македонија ЃП – Брегалница

ТАБЕЛА

Шкендија 61, Струга ТЛ 61, Шкупи 58, Тиквеш 42, Работнички 41, Силекс 41, Воска 40, Гостивар 40, Брера 38, Вардар 35, Брегалница 27, Македонија ЃП 26..бодови

ПретходноЛазаров направи промени во составот за реваншот со Фарски Острови
СледноНема повеќе нерви: Тен Хаг жестоко им одговори на луѓето кои сакаат да биде отпуштен