ПОЛУВРЕМЕ: Македонија води со четири гола разлика!

184

Македонската ракометна репрезентација по првото полувреме против Фарски Острови во рамките на бараж мечот за пласман на СП 2025 има позитива од 19-15. За постетување негативата од првиот натпревар е седум гола. Македонија игра подобро, а мора и може уште подобро.

Марко Митев со четири гола е прв стрелец, по три имаат Кузмановски, Пешевски и Серафимов.

Дуелот почна жестоко, први отворија гостинските ракометари за 0-1. Две одбрани на Митревски беа доволни да се тргне кон вистинската насока, па веќе во петтата минута Македонија поведе со 3-2 со голот на Лазаревски. Како единствено решение во пеколната атмосфера, за Фарски Острови беше играта „седум на шест“ се со цел да ја зачува позитивата од првата средба, но тоа кратко траеше. И во една ваква ситуација, нашите ракометари успеаја да дојдат на плус два (7-5) беше во деветата минута. Јагуриноски не искористи чиста шанса да зголеми на плус три.

Она што беше најважно е дека одбраната беше многу поцврста, имаше жестока битка на теренот. А тоа вроди плод. Македонија за првпат поведе со четири гола разлика (13-9) во 19 минута, Серафимов со гол, а потоа изнуден пенал во реализација на Никола Костески и Кузмановски беа креатори на овој подвиг. Тука не застанаа нашите момци, Серафимов зголеми на 15-10, не искористивме напад за плус шест во 24 минута. Беше и 16-11, по неискористен напад, Фарски успеа да врати со два гола во низа за 16-13 на три минути до крајот на првото полувреме, ние останавме со играч помалку.

Кога требаше да бидеме поцврсти, противникот лесно доаѓаше до нашиот гол, на одморот резултатот е 19-15.

ПретходноСензација: Италија преку Црна Гора до пласман на СП!
СледноБесарт: Ова е моја шеста титула во ПМФЛ , сите сме заслужни, покажавме дека сме најдобри!