Завршија сите први полувремиња од шесте мечеви од 32.коло попладнево. Под Шара каде се решава кој ќе освои титулата, Струга ТЛ води со 0:1 и тоа со “бомбата“ на Ибраими во 44.минута. Страшен гол бр.202 во кариерата. Жестоко е, се игра отворено, домашните со неколку шанси но Ќосевски е фантастичен на голот. На другата страна Ибраими се закани во неколку наврати, а во 44. минута постигна супер гол.
Во Кратово каде играат Силекс и Вардар, гостите од Скопје водат со голот на Дурански во 9. минута.
Во Гостивар каде гостува Работнички резултатот е 0:0. И на другите мечеви се игра без голови и тоа Тиквеш – Воска, Македонија ЃП – Брегалница и Шкупи – Брера.