Македонските ракометари ќе имаат полна салата за денешниот (19 часот) реванш дуелот против Фарски Острови за пласман на СП 2025 година. Билетите се распродадени на три и пол часа до стартот на натпреварот.
Нашите момци посакаа силна поддршка, оваа желба им се оствари, останува да го остават срцето на терен и да одиграат меч за паметење. Македонија со негатива од седум гола влегува на оваа средба, мисијата е тешка, но ништо не е невозможно.