Фудбалерите на Ст. Паули во 33. коло од 2. Бундеслига, на домашен терен го победи Оснабрук со 3:1 и со тоа обезбедија пласман во најсилниот ранг на германскиот фудбал следната сезона, на коло пред крајот на првенството. Ст. Паули, клуб познат по својата ултралевичарска филозофија, последен пат беше дел од Бундеслигата во 2011 година, а оттогаш постојано е второлигаш.
Во Бундеслигата директен влез обезбеди и екипатана Холштајн Кил, кој вчера одигра 1:1 со Фортуна од Дизелдорф, што беше доволно за да обезбеди промоција.
„Штрковите“, како што го нарекуваат Холштајн Кил, за првпат во својата историја ќе играат во Бундеслигата. Во далечната 1912 година, Холштајн беше шампион на Германија кога фудбалот во таа земја се играше по сосема друг систем.
За третото бундеслигашко место ќе се бори Фортуна Дизелдорф, која во два натпревари ќе игра против тимот кој ќе го освои 16. место во Бундеслигата.