Фудбалерите на Реал Мадрид денеска пред илјадници насобрани навивачи ја прославија титулата шпански шампион во центарот на Мадрид. „Кралскиот клуб“ по 36-ти пат ја освои шампионската титула во Ла Лига.
Играчите се собраа утрово во кампот на клубот во Валдебебас, северното предградие на Мадрид. Претседателот на шпанската фудбалска федерација таму им го врачи пехарот бидејќи претходно вечерта играа во Гранада на гости.
Хрватскиот играч за врска Лука Модриќ го подигна трофејот со соиграчите, а за него ова е четврта титула шпански шампион откако дојде на „Бернабеу“ од лондонски Тотенхем во летото 2012 година.
Играчите облечени во свечени бели кошули и темни костуми со вратоврски се фотографираа на помошниот терен. Фудбалерите потоа отидоа со белиот клупски автобус до главниот плоштад во Мадрид, Пуерта дел Сол, и го донесоа трофејот во зградата на регионалната влада во Мадрид. Шампионите таму ги пречека регионалната претседателка Изабел Дијаз Ајусо.
„Шампиони, шампиони…!, одекнуваше на плоштадот, а на насобраните фанови им се обрати Модриќ кој им се заблагодари за „неверојатната поддршка во текот на целата сезона“.
Публиката и неговите соиграчи го прекинаа скандирајќи „Лука, остани!“.
Modric got emotional after Real Madrid fans chanted for him to stay. 🥲🤍 pic.twitter.com/wnZ24VpOBB
— TC (@totalcristiano) May 12, 2024
Carlo Ancelotti singing the Real Madrid anthem. 🤍 pic.twitter.com/Hw9fSEOdIu
— TC (@totalcristiano) May 12, 2024
🎖️ Real Madrid fans and Nacho chanting ‘Ballon D’or for Vinicius!’ 🇧🇷🎶 pic.twitter.com/TXLPW332JO
— EuroFoot (@eurofootcom) May 12, 2024