Во ПСЖ се разочарани од одлуката на Мбапе, но никој не очекуваше ќе паднат толку ниско

10322

Килијан Мбапе во петокот објави дека го напушта ПСЖ на крајот од сезоната и се очекуваше парижаните да го почестат на вечерашниот натпревар против Тулуз, но како што стојат работите тоа нема да се случи.

Мбапе за последен пат ќе настапи на „Паркот на принцовите“ во дресот на овој клуб и се очекуваше да добие соодветно збогување по се што им даде на парижаните.

Тој го напушта ПСЖ како најдобар напаѓач во историјата на овој клуб бидејќи на 306 натпревари досега постигна 255 гола за овој клуб, а успеа да забележи и 108 асистенции што е навистина неверојатна статистика.

Сепак, француските медиуми утринава пишуваат дека ПСЖ вечерва нема да приреди проштална забава на Мбапе, што се очекува да биде доволен знак за тоа колку се погодени и разочарани од неговата одлука да ги напушти по крајот на сезоната.

Ле Паризиен утринава објави дека на Мбапе нема да му се оддаде почит.

Од клубот рекеле дека немаат време да организираат ништо на Паркот на принцовите на вечерашниот меч бидејќи немаат доволно време, односно за одлуката на Мбапе дознале кога ја објавил на социјалните мрежи.

Сметаат дека помалку од 48 часа од објавувањето на одлуката до мечот со Тулуз не се доволни за да се организира збогувањето кое Мбапе го заслужува, што изненади многумина со оглед на тоа дека е најдобриот играч во историјата на тој клуб.

И покрај тоа што својата одлука ја соопшти дури во петокот, јасно е дека по се што направи за ПСЖ, го заслужува своето збогување и дека има време доколку челниците на клубот сакаат да го почестат како што заслужува.

Вечерашниот натпревар помеѓу ПСЖ и Тулуз започнува во 21:00 часот, а навивачите на ПСЖ се надеваат дека клубот ќе даде се за да му овозможи на Мбапе соодветно испраќање и ќе му се заблагодари за се што дал за тој клуб, како и дека информацијата која ја објави Ле Парисиен не е вистина.

Останува да дознаеме што ќе се случи, дали навистина ова ќе биде само еден обичен натпревар.

ПретходноДончиќ и со една нога запиша дабл-дабл, Далас поведе со 2-1 во серија (ВИДЕО)
СледноБаер (Л) дели гратис тетоважи за спомен од магичната сезона