Денеска се игра 32. коло во македонскиот шампионат. Работнички ќе се обиде да ја продолжи добрата серија на резултати против Гостивар на домашен терен. Тимот од “Градски Парк“ од 2 април па навака, под тренерската палка на Станиќ на шест средби освои 14 бода од максимални 18.
Токму ваквите резултати им влеваат надеж на фудбалерите дека во ист стил ќе го завршат шампионатот.
„Остануваат уште две кола до крајот на првенството и ние сакаме да одиграме максимално. Играме во добар ритам на последните неколку натпревари и се надеваме дека ќе продолжиме идентично и на денешниот натпревар против Гостивар. Го респектираме противникот, имаат навистина квалитетен тим и одлични поединци, но исто така и веруваме во сопствените можности. Очекувам еден тежок и неизвесен натпревар и верувам дека ќе успееме да ја исполниме целта“, изјави Марселин Гандо Биала.