Македонската ракометна репрезентација го чекираше својот билет за учество на Светското првенство 2025 година. Нашите ракометари покажаа дека се махери за невозможни мисии, одиграа херојски, го одиграа најдобриот меч во своите кариери и повторно не вивнаа во височините.
На оваа средба, Филип Кузмановски беше вистински лидер на теренот. Тој зад своето име запиша седум погодоци.
„Едно посакувам, цела Македонија да биде на моето место да види колку сум среќен, што ја направивме Македонија среќна. Ракометот е спорт број 1 во Македонија, и живеевме за овој ден, навистина имавме тежок противник, но повторивме една историја. Ќе се зборува ова за нас, и треба да продолжиме понатаму. Покажавме како треба да играме со срце 60 минути, како треба да се бориме. Го заборавивме првиот меч во Фарски Острови, добро се одморивме, добро анализиравме. Публиката беше наш осми играч. Среќен сум за сите играчи, за стручниот штаб, за цела Македонија. Ќе славиме, но немаме многу време, затоа што следуваат клупски обврски“, рече Кузмановски.