Лука Дончиќ синоќа изгледаше скршено кога излезе од теренот по третиот натпревар против Оклахома во полуфиналето на западот, каде Далас поведе со 2:1.
„На крајот од натпреварот влегов меѓу двајца противнички играчи, се разбира никој не ме допре, но повторно го повредив коленото. Се обидувам да се борам со сите сили. Мора да победиме. Тоа е се што е важно. Мојата повреда на грбот е најмалиот проблем. Тоа беше само удар. Ќе биде подобро за неколку дена. Ќе ми треба секоја можност за одмор. Мора да веруваме. Верувам во нашата сила. Ќе биде тешко. Навистина сè уште ништо не сме направиле. Добивме два натпревари, но ни требаат четири“, заклучи Дончиќ.