Еден од тројцата најдобри стрелци во нашата репрезентација вечерва на овој магичен меч со Фарските Острови, беше Марко Митев. Со неговите 5 гола Македонија успеа да ја надополни негативата од првиот дуел и да оди на ново светско првенство.
„Целата екипа беше подготвена за вакво нешто. Сите бевме фокусирани, го оставивме срцето на терен, а особено со ваква голема поддршка од нашата публика. Целта беше да победиме, затоа и во последниот напад не форсиравме“, вели Митев.