Американската амбасада со честитки до ракометарите за пласманот на Светското првенство

556

На адресата на Ракометната федерација на Македонија и на секако до сениорскиот тим од синоќа постојано пристигнуваат честитки за изборениот пласман на Светското првенство 2025 година.

Никој во нашата земја, но и пошироко на остана имун на она што се случуваше во салата „Борис Трајковски“. Македонскиот воини извојуваа голема победа и го продолжија трендот на учества на големите натпреварувања.

На трибините беше и амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер, која беше во друштво со првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов. Таа беше воодушевена од атмосферата на трибините и секако играта на македонската ракометна репрезентација.

Денеска американската амбасада на својата официјална Фејсбук“ страница испрати честитки до ракометарите.

ПретходноРФМ: Благодарност до сите кои безрезервно им дадоа поддршка на ракометарите
СледноХрватски десен бек е новото засилување на ГРК Охрид