Двапати во три години: Манчестер Ј. поради лошата сезона ја откажа традиционалната вечера

588

Манчестер Јунајтед ја откажа традиционалната вечера за крајот на сезоната, поради лошите резултати. Одлуката се должи на падот на формата на тимот, како и на подготовките за претстојното финале на ФА Купот против Манчестер Сити, кое ќе се одржи на 25 мај.

На крајот на сезоната, клубот традиционално приредува вечера на „Олд Трафорд“ на која се доделуваат различни награди, вклучувајќи ја и наградата за најдобар играч на годината „Сер Мет Безби“ и наградата за најдобар млад играч. На него учествуваат машки и женски тимови, како и играчи од академијата, стручниот штаб, клупскиот персонал, навивачи и спонзори.

Настанот првично беше закажан за 20 мај, но по разговорите со главниот тренер Ерик тен Хаг  и раководството на клубот, било одлучено вечерата да се откаже, а играчите ќе можат да ги добијат награди на одвоени настани.

Интересно е што овој настан се откажува по вторпат во последните три години, откако не се одржа и на крајот на сезоната 2021/22, кога тимот беше под привремено водство на Ралф Рангник.

ПретходноСловенецот Винчиќ ќе го суди финалето во ЛШ меѓу Реал и Борусија (Д)
СледноБаерн се распрашувал за Гласнер, Кристал Палас им побарал 100 милиони евра!