Индијa исфрленa од календарот на Мото ГП, на нивно место влегува Казахстан

237

Трката за Големата награда на Казахстан е многу блиску до враќање во календарот на Мото ГП за оваа година.

Мото ГП трката во Казахстан требаше да се одржи оваа сезона откако беше одложена лани. Имено, првото Гран При во историјата на Казахстан беше планирано да се одржи минатата сезона, но потоа трката беше откажана поради недостапноста на патеката Сокол.

Оваа година трката требаше да се врати во календарот во јуни, но подоцна беше одложена поради поплавите во земјата. Сепак, според последните информации од организатороте на Мото ГП шампионатот, индиското ГП кое за првпат се одржа минатата година, оваа ќе биде извадено од календарот и на негово место ќе се врати трката во Казахстан, која според новиотплан ќе се одржи викендот од 20-22 септември.

Индијците се извадени од календарот, откако меѓународната патека Буда не ја платила котизацијата кон сопственикот на првата Дорна.

ПретходноЖиру го потврди заминувањето од Милан, следна дестинација МЛС
СледноНено со 20 поени го донесе Уникс до 2:2 во полуфиналето со Локомотив