Црвена Звезда има бисер, а Македонија феномен – Лука Трпески!

15734

Со години се зборува во фудбалскиот свет во младинските категории за малиот „Швеѓанец“ Лука Трпески кој уште пред 3-4 години во времето кога тренираше во Вардар беше на радарот на големите екипи. Тој веќе една година е во Црвена Звезда, а и таму како и тука на големо се зборува за неговите игри, мајстории и вештони со топката.

Македонија по многу години има феномен а „црвено-белите“ вистински бисер кој игра за две категории и кој со својата магија го сврте вниманието кон себе како на соиграчите, тренерите, навивачите, па така и на медиумите кои ги следат настапите на младинските екипи.

Викендов се одигра големото дерби за фудбалери до 15 години. Партизан дома загуби со 0:2 од Црвена Звезда. И погодете кој е херојот, играчот на натпревар – едноставно Лука Трпески. Иако има 14 години тој блеска за својот клуб од „Маракана“, има светла иднина и сака да игра за Македонија.

„Најдобриот впечаток на теренот остави напаѓачот на Црвена Звезда, Лука Трпески. Талентитраниот фудбалер учествуваше во двата гола и беше нерешлива енигма за дефанзивците на Партизан“, стои во извештајот од натпреварот.

За Црвена Звезда во оваа 2010 генерација настапува и стоперот Масев, кој е син на Дени, директорот на нашата сениорска репрзентација.

Малиот Трпески има 14 години, има се што може да се посака кај едно дете кое има перспектива. За жал тој се уште нема настап за националните селекци на Македонија поради инаетење и несакање на одредена структура во младинските категории. Доби повик за настап во селекцијата до 15 години на последниот собир, но не настапи поради замор. Тој е решен да игра и сака да игра за Макеоднија, иако има и пасош од Шведска.

ПретходноЊукасл му ја затвори вратата на Арсенал
СледноСерафимов: Лазаров веруваше во нас! Има благодарам на навивачите за прекрасната атмосфера!