На адресата на Ракометната федерација на Македонија и на секако до сениорскиот тим од синоќа постојано пристигнуваат честитки за изборениот пласман на Светското првенство 2025 година.
Никој во нашата земја, но и пошироко на остана имун на она што се случуваше во салата „Борис Трајковски“. Македонскиот воини извојуваа голема победа и го продолжија трендот на учества на големите натпреварувања.
На трибините беше и амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер, која беше во друштво со првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов. Таа беше воодушевена од атмосферата на трибините и секако играта на македонската ракометна репрезентација.
Денеска американската амбасада на својата официјална Фејсбук“ страница испрати честитки до ракометарите.