Астон Вила извади бод против Ливерпул

178

Фудбалерите на Ливерпул не успеаја да слават во Бирмингем каде ремизираа против екипата на Астон Вила со резултат 3:3 во претпоследното коло од англиската Премиер Лига. Момците на Јирген Клоп водеа со 3:1, но до крајот Астон Вила успеа да освои еден бод.

Резултатот беше отворен веќе во втората минута со автогол на Емилиано Мартинез. Во 12-тата минута Тилеманс изедначи, но во 23-тата минута Коди Гакпо стрелаше за 1:2. Во второто полувреме Кванса го постигна и третиот гол за Ливерпул, а драмата започна во 85-тата минутата кога водството на Ливерпул го намали Дуран, а истиот фудбалер по 5 минута го постигна и вториот гол на натпреварот за целосно изедначување.

Со ова реми Астон Вила се уште не го осигура своето место во ТОП 4 и ќе мора да брка барем реми во следниот натпревар.

ПретходноЦ. Звезда поведе во финалето на АБА лигата
СледноБарселона со победа се проби на второто место