Барселона со победа се проби на второто место

220

Екипата на Барселона оствари нова победа во шпанската Ла Лига со резултат 2:0 против екипата на Реал Сосиедад. Каталонците одиграа одличен меч пред својата публика и ја запишаа 23-тата победа во сезоната.

Ламин Јамал го постигна првиот гол на мечот во 40-тата минута, додека пак Рафиња го постави конечниот резултат во 93-тата минута со гол од пенал.

Барселона го превзеде второто место на табелата, а Реал Сосиедад се наоѓа на седмата позиција.

ПретходноАстон Вила извади бод против Ливерпул
СледноЛука Дончиќ промаши за изедначување, па за малку ќе се степаше (ВИДЕО)