Две победи ги делат фудбалерите на Манчестер Сити од четврта едноподруго титула во Премиер лигата, а првата ќе проба да ја обезбеди во вторник (од 21:00 часот) на гостувањето кај Тотенхем. Во финишот на сезоната „граѓаните“ влегуваат со бод помалку, но и натпревар помалку од Арсенал. Во последното коло, во недела, Сити ќе игра дома со Вест Хем, а Арсенал ќе биде домаќин на Борнмут.
„Два пати сезонава игравме против Тотенхем. Работата е јасна, ако не победиме нема да бидеме шампиони. Тешко е да се игра против нив затоа што се агресивна екипа“, изјави Гвардиола пред мечот со Тотенхем.
„Многу пати игравме во гости против Тотенхем. Имаше натпревари кога не можевме да постигнеме гол и кога губевме. Сега имаме шанса да направиме нешто посебно. Ако ја пропуштиме шансата, Арсенал ќе биде шампион“, кажа Шпанецот.