Евролигата ја објави најдобрата петорка за оваа сезона

79

Евролигата ја објави најдобрата петорка за сезоната 2023/24, а играчите ги бираа тренерите, капитените, новинарите и навивачите.
Најдобриот тим изгледа вака: Мајк Џејмс (Монако), Фекундо Кампацо (Реал Мадрид), Кендрик Нан (Панатинаикос), Најџел Хејс-Дејвис (Фенербахче) и Матијас Лесор (Панатинаикос).
Мајк Џејмс оваа сезона испиша историја и стана играч со најмногу поени во Евролигата (просек од 17,9 поени по меч). Неговиот Монако беше елиминиран од Фенербахче, а тој е единствениот кошаркар кој нема да игра на фајнал форот во Берлин.

ПретходноПлати од свој џеб за да заигра за омилениот клуб, а со негов гол изборија промоција
СледноКрвава најава на боксерскиот спектакл: Таткото на Фјури се степа со тренерот на Усик (ВИДЕО)