Жиру го потврди заминувањето од Милан, следна дестинација МЛС

151

Оливие Жиру и официјално потврди дека го напушта Милан. Според информациите кои се појавија неодамна, Францускиот ветеран ќе замине преку океанот и следната сезона ќе игра во МЛС лигата.

„Тука сум да ви кажам дека следните два натпревари ќе бидат мои последни во Милано. Кариерата ќе ја продолжам во МЛС. Многу сум горд на се што постигнав со Милан во овие три сезони. Мислам дека е вистинско време да ја објавам мојата одлука. Мојата приказна во Милан завршува, но Милан засекогаш ќе остане во моето срце“, изјави Жиру.

Нов клуб на голгетерот ќе биде Лос Анџелес.

ПретходноЈошко Миленкоски го продолжи договорот со ПАОК на уште една сезона
СледноИндијa исфрленa од календарот на Мото ГП, на нивно место влегува Казахстан