На Бесарт Ибраими му истекува договорот со Струга ТЛ, не се знае дали ќе потпише нов!

1469

Од вчера Струга ТЛ и официјално и дефинитивно е шампион на Македонија за сезоната 2023/24. Ова е втора титула за тимот од Струга кој вчера благодарение на Бесарт Ибраими и Марјан Радески ја победи Шкендија со 2:0 и така ја одбрани титулата.

Сепак треба да се каже дека на “бомбардерот“ и најдобар голгетер во историјата на ПМФЛ со 202 голови, договорот со Струга ТЛ му истекува на 15 јуни. И двете страни засега не се децидни дали ќе потпишат нов или не. Останува времето да покаже дали Бесарт и следната сезона ќе го носи дресот на шампионот или не.

ПретходноБаерн се распрашувал за Гласнер, Кристал Палас им побарал 100 милиони евра!
СледноЦ. Звезда поведе во финалето на АБА лигата